Фитнес и Спа центар во луксузните хотели

Bez autora
Jul 24 2012

Новите критериуми ќе стартуваат од први јануари 2013 година. Во рок од 6 месеци сите сместувачки објекти кои се категоризирани како луксузни, ќе мора да се приспособат на новите поостри услови за категоризација, а со нив се очекува некои хотели да изгубат ѕвездички. Новиот правилник условува хотел со една ѕвезда да има најмалку 10 соби. Оние сместувачки објекти со три или четири ѕвезди да имаат повеќе од 15 соби со сопствена бања и да нудат дополнителни услуги, како што се рентање автомобил, резервации на карти за кино, театар, концерти. Поостри критериуми се предвидуваат и во однос на кадровската поткованост. Персоналот ќе треба да говори најмалку еден странски јазик, а љубезноста е таргетирана на високо ниво. Луксузните сместувачки објекти ќе мора да имаат минимум 20 соби со мини бар, достапен 24-часовен рум сервис. Услов е и секојдневното менување на постелнина и чистење два пати дневно. Без разлика дали е со една, две, три или повеќе ѕвезди, рецепцијата задолжително треба да прифаќа и кредитни картички.

Фитнес и Спа центар во луксузните хотелиНовите критериуми ќе стартуваат од први јануари 2013 година. Во рок од 6 месеци сите сместувачки објекти кои се категоризирани како луксузни, ќе мора да се приспособат на новите поостри услови за категоризација, а со нив се очекува некои хотели да изгубат ѕвездички.

Новиот правилник условува хотел со една ѕвезда да има најмалку 10 соби. Оние сместувачки објекти со три или четири ѕвезди да имаат повеќе од 15 соби со сопствена бања и да нудат дополнителни услуги, како што се рентање автомобил, резервации на карти за кино, театар, концерти.

Поостри критериуми се предвидуваат и во однос на кадровската поткованост. Персоналот ќе треба да говори најмалку еден странски јазик, а љубезноста е таргетирана на високо ниво. Луксузните сместувачки објекти ќе мора да имаат минимум 20 соби со мини бар, достапен 24-часовен рум сервис. Услов е и секојдневното менување на постелнина и чистење два пати дневно. Без разлика дали е со една, две, три или повеќе ѕвезди, рецепцијата задолжително треба да прифаќа и кредитни картички.

Досега во Македонија се категоризирани 190 хотели, од нив 11 се во категоријата луксузни, но најголем дел од нив се без базен, Спа и фитнес центар.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik